ВО СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВО РАКОВОДСТВО НА СНС Вучиќ најави дека неговата партија ќе биде силна и жестока опозиција

Според Вучиќ „Студентската листа“ ќе го пролонгира формирањето на нова влада бидејќи во нејзините редови постојат различни интересни групи сфери и кланови.

166

Носителот на листата „Обединета Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека во следните три дена ќе биде одржана седница на Извршниот одбор, Претседателството, Главниот одбор и Парламентарната група на Српската напредна партија (СНС), а дека партиското собрание ќе се одржи следниот месец, кога ќе се избере новото раководство.

– Оценуваме дека е потребно да се освежиме и планираме во Главниот одбор да влезат две третини нови луѓе, во Претседателството да влезат повеќе од половината да бидат нови луѓе, да се обидеме да видиме како да се промениме, како да бидеме подготвени за тешките времиња што доаѓаат, да имаме борци, да имаме луѓе кои нема да отстапат од идејата под првиот бран и под првиот ветер што дува, но и луѓе кои знаат и кои ќе покажат грижа за луѓето во иднина. Ова се наши внатрешни реформи, ние не бегаме од нив, ние ги сфативме и нашите грешки, наведе Вучиќ на прес-конференција во седиштето на СНС во Белград.






Тој истакна дека е подготвена за дијалог со „Студентската листа“ дури и за можна соработка – од европската агенда, преку зачувување на српските национални интереси, стимулации за инвеститорите, до помош при реализација на Експо.

Според него „Студентската листа“ ќе го пролонгира формирањето на нова влада бидејќи во нејзините редови постојат различни интересни групи сфери и кланови.

Вучиќ најави и дека СНС ќе биде силна и жестока опозиција.

Поврзани содржини