КРИС ЏЕНЕР ЗБЕСНАЛА ПОРАДИ БИОГРАФИЈАТА НА КИМ „Зошто мојата афера од пред 30 години се спомнува во книгата?“

Крис Џенер наводно се налутила кога дознала дека нејзината стара афера со Тод Вотерман која ја имала додека била во брак со таткото на нејзините четири деца – Кортни, Ким, Клои и Роб, е спомената во новата биографија на Ким Кардашијан.

280

Крис Џенер наводно бурно реагирала кога дознала дека нејзината љубовна афера од пред повеќе од 30 години е спомената во новата биографија на нејзината ќерка Ким Кардашијан. Според авторот на книгата, Џонатан Ван Митер, таа се налутила за време на снимањето на реалното шоу „The Kardashians“, прашувајќи се зошто нејзиното минато морало да стане дел од приказната за нејзината ќерка.

Ван Митер за „Холивуд репортер“ раскажал дека Ким му се јавила доцна навечер и му пренела што се случило. Нејзината сестра Клои Кардашијан ѝ кажала дека нивната мајка збеснала пред камерите откако дознала дека во книгата се споменува нејзината афера од пред три децении.






– Зошто Ким нè вовлече сите во ова? Зошто мојата афера од пред 30 години е во книгата? – наводно викала Крис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Сепак, нејзиното незадоволство не траело долго. Ван Митер открил дека, според информациите што ги добил од Ким, два дена подоцна Крис веќе се смирила. Тој додал и дека очекува случката да биде прикажана во реалното шоу на познатото семејство.

Книгата „Citizen Kim: The Woman Who Created the Future“ ја напиша новинарот Џонатан Ван Митер, кој повеќе години работел на биографијата, разговарајќи со Ким и со луѓе од нејзиното опкружување. Книгата беше објавена на 27 октомври 2026 година, а во неа се откриваат детали за нејзиниот приватен живот, семејството и односите со поранешниот сопруг Канје Вест.

Аферата за која станува збор се случила во времето кога Крис била во брак со адвокатот Роберт Кардашијан, таткото на нејзините четири деца – Кортни, Ким, Клои и Роб. Нејзиниот партнер бил Тод Вотерман, поранешен фудбалер, со кого имала врска во 1989 година.

Крис и Роберт се венчале во 1978 година, а се развеле во 1991 година. Таа подоцна отворено зборуваше за неверството и призна дека тоа е една од најголемите грешки во нејзиниот живот. Во епизода од реалното шоу од 2023 година, кога Клои ја прашала зошто го изневерила нејзиниот татко, Крис признала дека направила голема грешка, иако Роберт бил добар сопруг и татко.

– Тоа е она за што најмногу жалам во животот – рекла тогаш Крис, признавајќи дека во тој период мислела оти некаде на друго место ја чека нешто подобро.

 

Поврзани содржини