ДВЕТЕ МАНЕКЕНКИ СЕ СКАРАЛЕ ЗА ТОМ БРЕЈДИ Кендис Свонепул и Џоан Смолс го прекинале 15-годишното пријателство

Поранешните блиски пријателки и модели на „Викторија сикрет“ наводно се скарале откако Кендис Свонепул започнала врска со Том Брејди, со кого Џоан Смолс претходно наводно се гледала. Според американските медиуми, Смолс сега барала заедничките пријатели да изберат на чија страна ќе застанат.

56

Според „Page Six“, Џоан Смолс била бесна затоа што нејзината долгогодишна пријателка започнала романса со Том Брејди, со кого таа наводно се гледала повремено во период од околу една година. Извор на медиумот, сепак, тврди дека нивната врска никогаш не била особено сериозна.

Наводната расправија излегла на виделина по модната ревија на „Викторија сикрет“ на 18 октомври во Лос Анџелес. Иако двете манекенки се појавиле на пистата, обожавателите забележале дека не позирале заедно, а се појавиле и информации дека повеќе не се следат на Инстаграм.






Сомнежите се засилиле по наводните коментари на Смолс на социјалните мрежи. На прашање дали сè уште се дружи со Свонепул, таа, според снимки од објавите што ги пренесоа медиумите, одговорила: Не сум пријателка со предавници.

Во друга порака, која подоцна наводно била избришана, Смолс зборувала за непочитување, лаги и разочарување по 15 години пријателство. Таа напишала и дека нема враќање назад, алудирајќи дека некои постапки не можат да се простат.

Смолс дополнително ја подгреала приказната со коментарот „Summer House“, повикувајќи се на реалното шоу во кое пријателство се распаѓа поради романтична врска со поранешниот партнер на блиска пријателка. Фановите веднаш ја поврзале алузијата со наводната ситуација меѓу двете манекенки.

Според „Page Six“, Брејди и Свонепул се заедно од мај годинава, откако ги запознале заеднички пријатели во Мајами. Поранешната сопруга на спортистот, Жизел Бундхен, наводно е задоволна од новата врска. Претставничка на Свонепул изјавила дека манекенката го чува својот приватен живот подалеку од јавноста и дека секогаш ќе го почитува долгогодишното пријателство со Смолс.

Двете манекенки со години беа блиски и заедно работеа на модни проекти, па наводниот конфликт предизвика особено внимание. Засега никој од нив јавно не ја коментирал приказната.

 

Поврзани содржини