ШОК ВО МОНАКО Роднина на принцот Алберт пронајден мртов во парк, приведен е Украинец – го снимиле камерите

29-годишниот Антоан де Меси бил виден како излегува од ноќен клуб, а неговото семејство пријавило дека исчезнал кога не се појавил на договорениот семеен ручек. Околностите за неговата смрт сè уште не се познати, а истрагата е во тек.

91

Тажна вест го потресе кнежевското семејство на Монако. Антоан де Меси, роднина на принцот Алберт Втори, бил пронајден мртов во јавен парк во неделата, на 25 октомври. Неговото тело било откриено во близина на булеварот Ларвото, а причината за смртта засега не е утврдена.

Според локалните медиуми, семејството се загрижило откако 29-годишникот не се појавил на договорениот неделен ручек. Откако не успеале да стапат во контакт со него, неговите блиски го пријавиле неговото исчезнување во полиција. Неговото тело набргу потоа било пронајдено во паркот.






Антоан последен пат бил виден во раните утрински часови во неделата, како со несигурни чекори излегува од ноќен клуб, објави локалниот весник „Монако Матен“.

По откривањето на телото, полицијата ги прегледала снимките од надзорните камери и идентификувала маж кој бил во друштво на Антоан. Станува збор за украински државјанин, кој бил приведен во понеделникот, а неговото задржување било продолжено за дополнителни 24 часа.

Сепак, надлежните предупредуваат дека неговата улога во случајот сè уште не е разјаснета. Главниот обвинител на Монако, Стефан Тибо, изјавил дека приведениот во оваа фаза може да биде осомничен или сведок, чиј статус допрва треба да се утврди. Истрагата продолжува, а не е исклучена ниту можноста за несреќен случај.

Антоан де Меси бил син на баронот Кристијан де Меси и Сесил Желабал, а внук на принцезата Антоанета, постарата сестра на принцот Рение Трети, таткото на актуелниот владетел на Монако, принцот Алберт Втори.

Од кнежевската палата соопштиле дека принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин со голема тага ја примиле веста за неговата смрт и изразиле сочувство до семејството и блиските на починатиот.

Антоан бил професионален тенисер, а со овој спорт почнал да се занимава уште како тригодишно дете. Подоцна се преселил со семејството на Флорида, каде што тренирал на престижната тениска академија на Ник Болетиери. Сонувал да настапи на Олимписките игри и еднаш изјавил дека сака да стане најдобриот тенисер во светот.

Бил и коосновач на технолошката компанија „Инстант Тек“. Иако потекнувал од кнежевското семејство, претпочитал да го чува својот приватен живот подалеку од јавноста и ретко се појавувал на свеченостите во Монте Карло. Едно од неговите последни јавни појавувања било на традиционалната служба „Те Деум“, по повод Националниот ден на Монако во ноември 2025 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antoine De Massy (@antoinedemassy)

Поврзани содржини