НАПАДНАТА И ОГРАБЕНА ЖЕНА ВО СТАН ВО АЕРОДРОМ Вратата била блокирана со столица, а напаѓачот ја удрил и побегнал

Педесетгодишната скопјанка не можела веднаш да влезе во станот бидејќи вратата била блокирана со столица. Кога успеала да влезе, затекнала непознато лице, кое ја нападнало и побегнало со пари.

95

Жена на 50-годишна возраст била нападната во сопствениот стан во скопската општина Аеродром, откако затекнала непознато лице во домот. Напаѓачот ја удрил со тврд предмет, а потоа побегнал со пари.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 13 октомври, околу 16 часот. Кога Л.П. се вратила во својот стан, забележала дека влезната врата била насилно отворена и оштетена. Не можела веднаш да влезе бидејќи однатре била блокирана со столица.






Откако успеала да ја тргне столицата и да влезе во станот, затекнала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало.

По нападот, жената забележала дека од станот недостигаат пари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

Поврзани содржини