ALTA RETAIL УСПЕШНО ГИ ПРЕЗЕДЕ IDEA MARKETI И ПОВРЗАНИТЕ ДРУШТВА Долгорочна стратегија за развој на пазарот во Србија
Со оваа инвестиција, ALTA Група дополнително ја потврдува својата долгорочна стратегија за развој, заснована на зајакнување на домашната економија, проширување на деловните капацитети и инвестирање во компании кои имаат значајно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните и развојот на пазарот во Србија.
По исполнувањето на сите услови предвидени со купопродажната документација и добивањето на потребните регулаторни одобренија, ALTA Retail успешно го заврши преземањето на компанијата Idea Marketi d.o.o. и поврзаните друштва Enna Fruit Grocka Beograd, Super Kartica Beograd, M-Profil SPV Beograd и mStart Business Solutions Beograd.
Со оваа инвестиција, ALTA Група дополнително ја потврдува својата долгорочна стратегија за развој, заснована на зајакнување на домашната економија, проширување на деловните капацитети и инвестирање во компании кои имаат значајно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните и развојот на пазарот во Србија.

Портфолиото на ALTA Retail сега опфаќа развиена продажна мрежа на брендовите IDEA, Roda и Mercator, присутна во повеќе од 80 градови и општини низ Србија, со над 300 малопродажни објекти кои со години ја уживаат довербата на потрошувачите. Со преземањето се опфатени и поврзаните друштва кои претставуваат важна поддршка за понатамошниот развој на деловниот систем – од логистика и дистрибуција на свежо овошје и зеленчук (Enna Fruit Grocka), преку една од најразвиените програми за лојалност на пазарот (Super Kartica), до управување со недвижности (M-Profil SPV) и напредни ИТ и дигитални решенија (mStart Business Solutions).
Со завршувањето на оваа трансакција, ALTA Retail ја презема одговорноста за понатамошниот развој на деловен систем кој вработува повеќе од 6.500 луѓе, соработува со мрежа од над 600 добавувачи на стоки и голем број домашни производители, а секојдневно им ги нуди своите услуги на милиони потрошувачи. Во наредниот период, фокусот ќе биде насочен кон подобрување на оперативната ефикасност, понатамошни инвестиции во модернизација и технологија, зајакнување на соработката со домашните компании и унапредување на корисничкото искуство.

– Со оваа трансакција отвораме ново поглавје во развојот на брендовите кои уживаат исклучителна доверба кај граѓаните на Србија. Нашата визија е јасна – инвестираме во луѓето, модернизацијата на процесите и примената на нови технологии, со цел дополнително да ја зголемиме конкурентноста на целиот систем. Притоа, со целосна почит ќе ги зачуваме идентитетот и вредностите кои IDEA, Roda и Mercator ги граделе со децении. Цврсто веруваме во силата на домашниот капитал, домашното знаење и долгорочните инвестиции. Токму затоа, кон ова преземање пристапуваме со јасна намера дополнително да ги зајакнеме оперативните капацитети, да го унапредиме корисничкото искуство и да обезбедиме стабилен раст во годините што следуваат. Станува збор за инвестиција чие значење ги надминува деловните рамки на една компанија, бидејќи нејзиното влијание го чувствуваат вработените, партнерите, локалните производители и потрошувачите низ цела Србија – изјави Бранислава Косовац, директорка на компанијата ALTA Retail.
Потпирајќи се на искуството стекнато преку развојот на деловното работење во финансискиот сектор, платежните услуги и управувањето со комплексни деловни системи, ALTA Група продолжува да гради диверзифицирана деловна структура и дополнително ја зацврстува својата позиција како една од водечките домашни и регионални деловни групации, потврдувајќи ја долгорочната посветеност на инвестициите во одржливиот развој на економијата на Република Србија.
