„ЈАС ПЕЧАЛЕВ, НЕВЕСТАТА ГИ ЧУВАШЕ ПАРИТЕ“ Таткото на судијата Ристов тврди дека соѕиданите 350.000 евра се негови, а не на синот

Здравко Ристов, таткото на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов денеска во Кривичниот суд сведочеше дека нивните деца не знаеле дека чуваат 350.000 евра соѕидани во кујната во семејната куќа во Неготино.  

180

И Здравко Ристов, таткото на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов денеска во Кривичниот суд, исто како и мајката Донка Ристова, сведочеше дека парите се негови и на сопругата, а не на нивниот син, како што тврди Обвинителството.

Тој рече дека нивните деца не знаеле дека чуваат 350.000 евра соѕидани зад плочки во кујната во семејната куќа во Неготино.






Парите беа пронајдени при претсрес, а Обвинителството го товари сега веќе разрешениот судија Ристов дека ги стекнал незаконски и го обвини за Противправно стекнување и прикривање имот и за Перење пари и други приноси од казниво дело.

На прашањето зошто не ги пријавил парите додека се вршел претресот, Здравко Ристов рече дека немал доверба за да ги пријави.

– На кого да пријавам, немам верба во државата. Сум се мачел за нив со овие 10 прсти. Децата не знаеја. Кога им требаше ќе им дадев, ќе ми ги вратат. На полицијата им реков дека се наши парите, мои и на сопругата – рече таткото Ристов.

Додаде дека парите во зидот ги ставала сопругата Донка.

– Јас пари не ставав. Таа беше должна. Јас печалев, невестата ги чуваше – рече тој.

Додаде и дека не им ги дал парите на децата, затоа што „можеби и ќе ги искоцкаа, ништо не се знае“.

Објаснувајќи како ја создавале големата заштеда, рече дека заработените пари ги менувал во менувачници, вклучително и во банкноти од 500 евра.

– Како сум ги печалел, така сум ги менувал – рече тој.

На прашањето како обезбедувал банкноти од 500 евра, одговори дека имал познаник на Бит-пазар кој го известувал кога имало такви апоени.

Обвинителката го праша и за заштедите во банка, каде тој и сопругата имале по речиси 15.000 евра. Ристов потврди тоа, а на дополнително прашање кажа дека парите од продажбата на тракторот и останатите земјоделски машини ги уплатиле во банка.

На прашањето како на парите не се најдени негови траги од ДНК, туку на неговиот син, тој рече дека за тоа нема шанса.

Случајот против Ристов произлегува од истрагата против адвокатот Фехми Стафа, кој беше фатен при примање 20.000 евра, дел од наводно договорени 100.000 евра за противзаконито влијание врз апелациски судија со цел да се укине мерка притвор за Љупчо Пецов Ѓаволот.

„ПРОДАВАВ ПИПЕРКИ, ПА ПАРИЧКИТЕ ГИ ПИКАВ ВО ДУПЧЕТО“ Мајката на судијата Ристов тврди дека таа чувала 350.000 евра во ѕидот

 

Поврзани содржини