„ПРОДАВАВ ПИПЕРКИ, ПА ПАРИЧКИТЕ ГИ ПИКАВ ВО ДУПЧЕТО“ Мајката на судијата Ристов тврди дека таа чувала 350.000 евра во ѕидот

Мајката на сега веќе разрешениот апелациски судија судијата Ѓоко Ристов, Донка Ристова, во чија куќа во Неготино беа најдени соѕидани 350.000 евра, на денешното судење во Кривичниот суд тврдеше дека парите се нејзини и на сопругот Здраве Ристов.