ТРЕТАТА ФАЗА НА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ВО МАЈ СЛЕДНАТА ГОДИНА Николоски очекува теренски активности на брзата пруга во април следната година
Министерот за транспорт и врски очекува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка да се заврши 2028 година.
Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, изјави, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
– Рокот за доставување понуди е четири месеци и завршува на 20 јануари. После тоа одиме во процес на евалуација кој што очекувам да биде некаде околу деведесетина дена, односно три месеци и тоа би значело дека некаде крајот на април месец би требало да имаме избрано изведувач којшто би требало веќе од мај-јуни да почне да ја гради третата фаза -рече Николоски во интервју за Радио Лидер. .
Тој потенцираше дека втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се очекува да се заврши 2028 година.
– Рокот за завршување е до 2028 година, имајте предвид дека во моментов прогресот на работите е 40%, тоа што ќе го стигнеме во рок. Месечна динамика веќе оди на некаде помеѓу 2 и 2,5%, што значи дека стигннуваме до крајот на 2028 година, што ќе е прв видлив бенефит за македонскиот граѓанин, затоа што ќе има веќе меѓуградски воз кој што ќе сообраќа на линијата Скопје – Куманово – Крива Паланка- рече Николоски.
Во однос на брзата пруга на Коридор 10, вицепремиерот Николоски потенцира дека се работи согласно зададените рокови.
– Рокот беше до 31-ви август да бидат завршени сите студии, вкупно 6 студии се и истите се завршија во рок. Сега влегуваме во финалната фаза, а тоа е избор на куќа која што ќе биде заемодавател. Заемопримател веќе имаме, тоа е Македонски Железници Инфраструктура и избор на Изведувач. Зависно од собраниските процедури кои што единствени се надвор моја и на Владата надлежност и зависно од временските услови ќе почнеме со активности на терен минимум март и април идната гoдина – рече Николоски.
Во однос на каматите тој истакна дека за овој проект ќе се плаќа најниска камата во целиот регион и најниска камата за било кој инфраструктурен проект сработен во државата.