📽️ ЈАРЕЦ ГО „ЗАПРЕ“ ГЛАСАЊЕТО ВО БИХ Граѓаните морале да „се борат“ за да стигнат до гласачките кутии

Жителите на Поткозарје кај Бања Лука на влезот на гласачкото место ги пречекал неочекуван „чувар“ – јарец кој одбил да се помести од вратата.

72

Додека изборниот ден во Босна и Херцеговина го одбележаа извештаи за проблеми на гласачките места, во бањалучката населба Поткозарје се случи целосно несекојдневен „застој“.

На граѓаните им го попречи патот до самиот влез на гласачкото место необична пречка – јарец кој решил да воведе свои изборни правила и застанал токму пред вратата.






Според снимката што ја направиле жителите, а ја објави порталот „БЛ портал“, непоканетиот „чувар“ на гласачкото место воопшто не се грижел за изборниот протокол.

 

Граѓаните кои пристигнувале да гласаат останале збунети, а некои морале добро да се потрудат и да „одмерат сили“ со рогатиот чувар за воопшто да успеат да поминат покрај него и да го остварат своето избирачко право.

Снимката од комичната ситуација за кратко време се проширила на социјалните мрежи, со шеговити коментари од жителите дека во Поткозарје гласањето привремено било прекинато – не поради дефект на изборната технологија, туку поради непопустливиот локален јарец.

Поврзани содржини