ДЕЦА СО НОЖ ОГРАБИЛЕ МАЛОЛЕТНИК Шестмина приведени по два напада во Скопје

Шест малолетници од Скопје се сомничат дека со закани одзеле пари од едно малолетно лице, а се обиделе да ограбат и второ, при што еден од нив употребил остар предмет.

32

Шест малолетници од Скопје се приведени под сомнение дека со закана ограбиле малолетник и се обиделе да ограбат уште едно лице, а при едниот напад еден од нив употребил и остар предмет.

Тие биле лишени од слобода на 4 октомври околу 22 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, откако полицијата ги идентификувала како осомничени за двете кривични дела.






Според пријавеното, шестмината со закана од еден малолетник одзеле пари, додека од друг малолетник се обиделе да одземат пари. При едниот од нападите, еден од осомничените употребил и остар предмет.

Случајот го расчистуваат полициските единици од Центар и Бит Пазар, по што против малолетниците ќе биде поднесена кривична пријава за „разбојништво“ и „разбојништво во обид“, предвидени во член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини