ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни температури

Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

404

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.  И во Скопје и околината времето исто така ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утрото ќе биде ладно со зимски температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени. Максималните дневни температури пак ќе биде касно летни, односно ќе имаме мини лето во текот на денот со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.






Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.

И следните денови ќе имаме слично време. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува ветер од променлив правец. И температурите ќе бидат слични со максимални 28 степени.  Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Поврзани содржини