ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди притвор од 30 дена во новата истрага за поткуп

Првообвинетиот Дејан Јованов е во притвор за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ а утре, 3.10.2026 година истекува законскиот едногодишен рок за притворот и се очекуваше тој да биде пуштен, а Судот да му одреди поблаги мерки за обезбедување присуство на судењата, но ОЈО ГОКК отвори нова истрага против него за давање поткуп на вработен во Министерството за економија.

999

Кривичниот суд Скопје на предлог на Јавното обвинителство му одреди притвор од 30 дена на Дејан Јованов Деко, првообвинет за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за да се обезбеди неговата достапност во новата истрага за поткуп што ЈО ја води против него.

Јованов е во притвор за предметот за самиот пожар, за кој е во тек судење, а утре, 3.10.2026 година истекува законскиот едногодишен рок на времетраење на притворот и се очекуваше тој да биде пуштен, а Судот да му одреди поблаги мерки за обезбедување присуство на судењата. Но, вчера Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека против Јованов се води нова истрага, поради што ЈО ќе побара нов притвор.






„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител од ОЈО ГОКК за определување мерка притвор против Д.Ј. од Кочани, по произнесување на осомничениот, во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите приложени кон предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена. Притворот е определен поради постоење на основите предвидени во член 165 од Законот за кривичната постапка (ЗКП), односно поради постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци“, соопшти Кривичниот суд.

Мерката притвор започнува да се извршува од 3.10.2026 година, имајќи предвид дека лицето во моментот веќе издржува мерка притвор во предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“, се додава во соопштението.

„Во новоотворената истрага, за која е предложен притворот, Д.Ј. е осомничен дека сторил кривично дело Давање поткуп од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Имајќи предвид дека осомничениот, мерката притвор определена во предметот „Пулс“ ја издржуваше во КПУ Затвор Куманово, со оглед дека првично му беше определена од Основниот суд Кочани, сега истиот ќе биде префрлен на издржување на новоопределената мерка притвор во Затвор „Скопје“, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство“, соопшти Судот.

Судот информира и дека одбраната на Јованов ја повлекла понудената гаранција.

„Во врска со предлогот на одбраната на Јованов за укинување на претходно определената мерка притвор во предметот „Пулс“, со определување гаранција во износ од околу 200.000 евра во недвижен имот, истата од страна на одбраната денеска е повлечена. Против решението на судијата на претходна постапка со кое е определена мерката притвор, одбраната има право на жалба по која одлучува Кривичниот совет“, соопшти Кривичниот суд.

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ И НЕ ВРЕДАТ 200.000 ЕВРА Обвинителството бара Судот да не ја прифати гаранцијата

Поврзани содржини