ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ И НЕ ВРЕДАТ 200.000 ЕВРА Обвинителството бара Судот да не ја прифати гаранцијата

Изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен. Освен тоа, понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти, соопшти Јавното обвинителство.