МЕТА МУ ГИ БЛОКИРА ПРОФИЛИТЕ НА БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРЕД ИЗБОРИ Лула де Силва најави тужба пред американските судови

Штабот на Лула де Силва го нарече блокирањето од Метал уште еден пример за американско мешање и манипулација во бразилските избори.

83

Американскиот технолошки гигант  Meтa им оневозможи на профилите на Фејсбук и Инстаграм на бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва да објавуваат реклами, без објаснување, и тоа на десетина дена пред изборите, објави бразилскиот медиум „Бразил вајр“ (Brasil Wire), кој го става случајот во контекст на она што го нарекува „растечкаo американско мешање во претстојните избори во Бразил“.

Истиот напис тврди дека кампањата на претседателот поднела жалба и се заканила со правни мерки, нарекувајќи го блокирањето уште еден пример за американско мешање и манипулација. Според страницата, кампањата на Лула веднаш поднела жалба и побарала сметката веднаш да се врати во функција, како и објаснување, предупредувајќи дека ќе поднесе тужба доколку Meтa не ги исполни барањата.






Според штабот на де Силва, Meтa го прекршила бразилскиот изборен закон со одобрување на 87 проценти од доставените реклами на неговите ривали, генерирани со вештачка интелигенција, кои ширеле изборни дезинформации, поттикнувале насилство и ги напаѓале пратениците со говор на омраза. Цитираниот текст на „Бразил вајр“ наведува дека рекламите доаѓале од американски и други странски профили.

Поврзани содржини