АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ИРАК Државата ќе прославува четири дена

САД и нивните сојузници извршија инвазија врз Ирак во 2003 година и го соборија тогашниот претседател Садам Хусеин. Американските и сојузничките сили се повлекoa од Ирак во 2011 година, но на барање на ирачката влада, американската армија се врати во земјата во 2014 година за да помогне во борбата против терористиката група Исламска држава.

0

Сите американски борбени сили и единици за логистичка поддршка се повлекоа од Ирак, изјави неименуван ирачки извор, а засега нема официјална потврда од САД.

Официјалниот рок за повлекување на американските сили истекува на 30 септември.






Ирачката влада на 26 септември прогласи четиридневен празник, од 30 септември до 3 октомври во државните институции, под назив Денови на суверенитетот, а причината е завршувањето на повлекувањето на американската војска и предавањето на преостанатите бази и објекти на ирачките власти.

Оодносите меѓу САД и Ирак преминуваат кон билатерално безбедносно партнерство.

САД и нивните сојузници извршија инвазија врз Ирак во 2003 година и го соборија тогашниот претседател Садам Хусеин. Американските и сојузничките сили се повлекoa од Ирак во 2011 година, но на барање на ирачката влада, американската армија се врати во земјата во 2014 година за да помогне во борбата против терористиката група Исламска држава. Во 2021 година беше заврши мисијата против ИД, а во 2024 година беше договорено смериканските сили да се повлечат од Ирак.

Изминатите години, според податоци на Пентагон, околу 2.500 американски војници беа стационирани во курдскиот регион Ербил, во база во близина на аеродромот во Багдад и во владиниот кварт на главниот град, познат како „Зелена зона“.

Безбедносната ситуација во Ирак повторно се влоши по американско-израелскиот напад врз Иран на 28 февруари. Американските објекти и војници во Ирак, како и курдските сили станаа цели на иранските одмазнички напади. Курдскиот регион во Ирак, кој Иран го смета за сојузник на Западот и на Израел, беше цел на стотици ракети и беспилотни летала. Во Ербил се наоѓа мултинационална база, каде освен американските се стационирани и германски војници и која, исто така, исто така беше цел на напади. Нападната беше и канцеларијата на регионалниот премиер Масрур Барзани.

Премиерот на Ирак, Али ал Саиди најави дека паравоените групи во Ирак, поддржани од Иран, ќе се разоружаат и ќе се интегрираат во државниот безбедносен апарат паралелно со повлекувањето на американските војници. Но, мерката е пролонгирано до јуни следната година.

Премиерот на регионалната влада на Курдистан, Барзани изјави дека повлекувањето на американската армија е срамно.

– Заканата е реална, ранливи сме и под напад. Срамно е да се остане без каков било, да го наречеме, соодветен одбранбен систем – истакна Барзани.

Курдите се етничка група од околу 30 милиони луѓе, кои живеат во Ирак, Иран, Сирија и Турција. Тие со децении се борат за сопствена држава и долго време се соочуваат со прогон и репресија.

Полуавтономниот курдски регион во Ирак беше воспоставен по падот на Садам Хусеин во 2003 година. Пред тоа, регионот беше заштитен со зона на забранети летови, воведена од американската војска во 1991 година. Односите помеѓу курдската влада, со седиште во Ербил, и централната влада во Багдад постојано се тензични.

Поврзани содржини