📽️ MEСИ НАПРАВИ МАГИЈА ОД НЕВОЗМОЖЕН АГОЛ Спектаклот не беше доволен, Интер Мајами загуби

Сите очекуваа нафрлување, но Лионел Меси директно ја нападна мрежата од речиси невозможна позиција Аргентинецот постигна спектакуларен гол, но Интер Мајами загуби со 2-1 од Колумбус Кру по погодок во 99. минута.

123

Фудбалскиот ас Лионел Меси повторно приреди магија. Аргентинецот погоди од слободен удар од исклучително тежок агол, но Интер Мајами загуби со 2-1 и остана без бодови.

Колумбус поведе во 28. минута со голот на Јосеф Мартинез од пенал. Само 5 минути подоцна следуваше потегот на Меси.

 






Прекршокот беше направен на десната страна и сите очекуваа нафрлување. Меси, сепак, реши директно да шутира. Ја префрли топката преку живиот ѕид и со ефект ја смести во мрежата за 1-1.

Интер Мајами потоа имаше шанси и за целосен пресврт. Меси повторно се закани во 62. минута, но Патрик Шулте го запре неговиот удар.

Драмата стигна во 99. минута. Џамал Тијаре искористи одбиена топка и погоди за конечни 2-1.

Меси со погодокот стигна до 21 гол сезонава. Аргентинецот има и 12 асистенции на 24 натпревари.

Поврзани содржини