📽️ НАЈСКАПИТЕ ТАШНИ ВО СВЕТОТ СЕ ПЛАЌААТ КОЛКУ ЛУКСУЗЕН СТАН Од „Биркин“ од 10 милиони долари до ташна со илјадници дијаманти

Некои од најскапите ташни во светот се направени од крокодилска кожа, злато и платина, украсени со илјадници дијаманти, а една од нив неодамна постави рекорд со продажба од неверојатни 10,1 милиони долари.

0

За некои жени ташната е моден додаток, но за колекционерите таа може да биде вистинско богатство. На пазарот постојат модели чија вредност се мери во стотици илјади или милиони долари, а зад цената не стои само познатото име на брендот, туку и ретките материјали, дијамантите, ограничениот број примероци или историјата на конкретната ташна.

Hermès Himalaya Birkin, еден од најпознатите ултралуксузни модели на француската куќа е изработена од мат кожа од нилски крокодил, а карактеристичниот премин од бело кон сивкасто треба да потсетува на снежните врвови на Хималаите. Најскапите верзии имаат 18-каратно бело злато и дијаманти.






Дијамантската Himalaya Birkin 30 достигнала повеќе од 450.000 долари на аукција во 2022 година, а Sotheby’s наведува дека ваквите модели и понатаму се меѓу највредните сериски произведени Hermès ташни.

Но, кога станува збор за најскапата ташна што навистина е продадена, приказната е уште поневеројатна.

Во јули 2025 година, оригиналниот прототип на Birkin, направен за самата Џејн Биркин во 1985 година, беше продаден во Париз за 10,1 милиони долари. Станува збор за уникатен предмет со историска вредност – првата ташна од која подоцна настана една од најпознатите луксузни линии во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sotheby’s (@sothebys)

На листите на најскапи ташни се појавува и Mouawad 1001 Nights Diamond Purse, чија вредност е околу 3,8 милиони долари. Ташната во форма на срце е изработена од 18-каратно злато и има неверојатни 4.517 дијаманти, со вкупна тежина од околу 382 карати. За нејзината изработка биле потребни повеќе од 8.000 часа работа.

Следува Hermès Sac Bijou Birkin, минијатурна верзија на Birkin која повеќе личи на парче накит отколку на класична ташна. Изработена е од розово злато и украсена со 2.712 дијаманти, со вкупна тежина од 89 карати. Направени се само три примероци, а секој е проценет на околу 2 милиони долари.

Фото: Принтскрин

Приближно 1,9 милиони долари се поврзуваат со уште една екстремно ретка Birkin – моделот создаден во соработка со јапонскиот дизајнер на накит Гинза Танака. Ташната е направена со платина и повеќе од 2.000 дијаманти, а нејзиниот ремен може да се откачи и да се носи како накит.

Тука е и Hermès Chaine d’Ancre, проценета на околу 1,4 милиони долари. Наместо класична конструкција, овој необичен модел е замислен како скулптура од бело злато и има повеќе од илјада дијаманти.

Меѓу познатите скапи модели е и Lana Marks Cleopatra Clutch, која се поврзува со црвениот тепих и е изработувана во различни луксузни варијанти. На листите на најскапи ташни се наведува со вредност од околу 400.000 долари, во зависност од конкретната верзија.

А тука е и Chanel Diamond Forever, модел украсен со 334 дијаманти поставени во бело злато, со ремен од 18-каратно злато. Нејзината наведувана вредност достигнува околу 261.000 долари.

Интересно е што на интернет кружат различни листи на „најскапи ташни“, но тие не мерат секогаш иста работа. Некои ги рангираат ташните според реално постигната аукциска цена, додека други вклучуваат и модели со проценета или официјално наведена вредност. Затоа, бројката од 10,1 милиони долари за оригиналниот Birkin на Џејн Биркин е рекордна реализирана продажна цена, додека кај дел од другите модели станува збор за проценки или наведени вредности.

Подолу е листата на најскапи ташни на Русинката Наталија Насонова, менаџерка за продажба на недвижности во Дубаи, а на својот профил на Инстаграм објавува содржина која е главно поврзана со богатство, луксузен животен стил и недвижности.

Поврзани содржини