РУДАРСКИТЕ КОМПАНИИ БАРААТ ПОСЕБЕН БУЏЕТ НА ЕУ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ Тие тврдат дека со сегашниот модел тешко доаѓаат до парите

ЕК соопшти дека воспоставила „рамка за мобилизација“ од 1,7 милијарди евра за финансирање на стратешки проекти.

17

Рударските компании бараат посебен буџет на Европската Унија за критичните суровини поради проблем со финансирање на стратешките проекти, но Европската комисија и земјите-членки на ЕУ за сега не се согласуваат да го обезбедат.

На вчерашниот состанок на министрите за индустрија на ЕУ за политиките за подобрување на конкурентноста, ЕК ги информираше и земјите-членки за моменталната состојба на клучните политики во областа на критичните суровини, но не се познати детали.






– Ги идентификувавме европските стратешки проекти и го забрзуваме нивното финансирање, како и самите процедури – изјави потпретседателот на ЕК за индустриска стратегија, Стефан Сежурне.

Тој додаде дека нема да има посебна буџетска ставка за критичните минерали, а следниот буџет на ЕУ ќе ги одразува „идентификуваните потреби за флексибилност, предвидливост и ефикасност“.

ЕК соопшти дека воспоставила „рамка за мобилизација“ од 1,7 милијарди евра за финансирање на стратешки проекти, но компаниите тврдат дека средствата се тешко достапни.

Поврзани содржини