РУСИЈА ПОДГОТВУВА „НЕШТО ГОЛЕМО“ ГОДИНАВА Сикорски предупредува на можна операција под лажно знаме

Верувам дека Путин има потреба од изговор за мобилизација, па би можеле да изведат напад под лажно знаме и да му кажат на рускиот народ: „Ние сме нападнати и затоа треба да се мобилизираме“, вели полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикороски.

3

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски предупреди дека Русија можеби подготвува голема операција годинава и дека би можела да изведе напад под лажно знаме за да ја оправда понатамошната мобилизација на војници.

— Добиваме информации… не ги откриваме изворите, но има многу извори дека Русија подготвува нешто големо годинава – изјави Сикорски во Советот за надворешни односи во Њујорк, објавија полските медиуми.






Според него, рускиот претседател Владимир Путин има потреба од повод за да спроведе дополнителна мобилизација.

— Верувам дека Путин има потреба од изговор за мобилизација, па би можеле да изведат напад под лажно знаме и да му кажат на рускиот народ: „Ние сме нападнати и затоа треба да се мобилизираме“ – додаде тој.

Сикорски не прецизираше што би можела да опфаќа таа операција.

Прашан за можните сценарија, тој рече дека Белорусите се загрижени оти би можеле да бидат вовлечени во војната во Украина.

Тој, исто така, предупреди дека балтичките земји со руско малцинство би можеле да се соочат со ескалација, нагласувајќи дека НАТО мора да биде подготвен да одврати потенцијална агресија.

– Целосна руска инвазија врз членка на НАТО би била лудост. Москва наместо тоа би можела да преземе помалку експлицитна акција, со што би било потешко Алијансата да се повика на Членот 5 за заемна одбрана – рече Сикорски.

Шефот на полската дипломатија истакна и дека Русија би можела да ја продолжи војната во Украина уште една или две години и покрај економскиот притисок, освен ако украинските напади не уништат повеќе од половина од нејзините капацитети за преработка на нафта.

Поврзани содржини