📽️ РУСИЈА ВО ПЛАМЕН, ОДЕКНУВААТ ЕКСПЛОЗИИ Украински напади на 1.500 километри од границата, погодени погодени рафинерија и фабрики

Украински канали и независни руски медиуми известуваат за наводни напади врз рафинерија и индустриски објекти во повеќе руски региони, но руските власти засега не ги потврдиле информациите.

125

Украинските сили во текот на ноќта на 25 септември, наводно, погодиле руска рафинерија за нафта, која се наоѓа на околу 1.500 километри од границата со Украина, како и фабрика за електронски компоненти, објавија канали што ги следат воените активности.

Рафинеријата за нафта во Перм, според наводи на очевидци што ги пренесе телеграм-каналот „Exilenova Plus“, се запалила откако била цел на напад.

 






Истовремено, во градот Улјановск била погодена фабриката „Искра“, која произведува електронски компоненти за комуникациска и радио-технологија, објави истиот канал.

Експлозии биле пријавени и во Воронеж, каде што руските сили ја активирале противвоздушната одбрана. Според „Exilenova Plus“, во нападот била оштетена фабрика за производство на синтетичка гума.

 

Рускиот независен портал „Astra“ објави и дека во Луганск била погодена и запалена голема продавница за градежен материјал.

Руските власти засега не се огласиле за наводните напади во овие градови, а „The Kyiv Independent“ наведува дека информациите не можел веднаш независно да ги потврди.

 

Украина редовно изведува напади врз воена инфраструктура длабоко на територијата на Русија, како и на територии под контрола на руските сили, во обид да ја ослаби способноста на Москва да ја продолжи војната.

Во текот на ноќта на 24 септември, украински дронови, според наводи на локалните власти, наводно нападнале складишта за нафта во Ростовската област и во Краснодарскиот крај.

 

Ден претходно, на 23 септември, дронови погодиле подрачје во близина на рафинеријата за нафта во Уфа, главниот град на руската Република Башкортостан.

Рускиот независен портал „Astra“, повикувајќи се на локални жители, објави дека нападот се случил во близина на рафинеријата. Уфа се наоѓа на околу 1.200 километри од украинско-руската граница.

 

Во меѓувреме, Русија продолжува со смртоносните напади врз Киев и други украински градови. Во руски ракетен напад врз Киев во текот на ноќта на 24 септември загинале две лица, а осум биле повредени. Оштетени биле породилиште и станбени згради.

 

Поврзани содржини