📽️ ЦРВЕНА СИМБОЛИКА, КУЛИНАРСКА ДИПЛОМАТИЈА И РИБА НАМЕСТО СТЕК Менито од вечерата на Трамп и Си носи силна порака
Од пенливото вино со кое Никсон наздравил со Џоу Енлај во 1972 година до сусамот, бок чојот и медот од Белата куќа – менито било составено со низа историски и културни намигнувања. Црвените детали во Источната соба дополнително ја засилиле симболиката на државната вечера.
На масата во Белата куќа при посетата на кинескиот претседтел Си Џинпинг не се служела само храна. Државната вечера со Трамп била внимателно спојување на американски состојки, кинески влијанија и историски потсетници на моментите кога Вашингтон и Пекинг ги топеле меѓусебните односи.
Белата куќа и официјално го опишала менито како комбинација од „американски состојки со суптилно кинеско влијание“, а подготовките ги предводела првата дама Меланија Трамп.
Најдиректната дипломатска порака, всушност, била во чашите.
Вечерата започнала со „Schramsberg Blanc De Noir“, американско пенливо вино избрано како потсетник на историскиот „Тост за мир“ на Ричард Никсон и кинескиот премиер Џоу Енлај во Пекинг во 1972 година. Истото американско пенливо вино било послужено и на тој историски настан.
Од 1972 година директно на масата
Токму посетата на Никсон во 1972 година станала пресвртница во приближувањето меѓу САД и Кина. Повеќе од половина век подоцна, Белата куќа намерно го вратила тој симбол на масата на Трамп и Си.
И храната го следела истиот принцип.
Првото јадење било кремасто велуте од жолта тиква со шумски печурки, панчета и масло од млад кромид. Потоа дошло јадењето со највидливо азиско влијание – бранцин во кора од печен сусам, сервиран со бок чој, печен модар патлиџан и зелен сос.+
🔥 JUST NOW: Elon Musk and President Trump toast after President Xi’s speech
They’re all now sitting down for the STATE DINNER at the White House
Absolutely elegant scene. Trump CRUSHED it today representing America with class 🇺🇸
Trump’s at the same table not only as Elon and… pic.twitter.com/RNlNrTzHSl
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) September 25, 2026
Наместо говедски стек како главно јадење, на масата доминирала рибата. Но вечерата не била целосно пескатаријанска, како што објавија дел од медиумите, бидејќи првото јадење содржело панчета.
За десерт била послужена ванила крема со вишни, оревов франжипан и сладолед направен со мед од Белата куќа.
Црвена „инвазија“ во Источната соба
Симболиката не завршила во чиниите. Во Источната соба на Белата куќа биле поставени црвени цветни аранжмани, додека за вечерата бил користен порцелан од времето на Роналд Реган.
И списокот на гости кажувал нешто за темите што стоеле зад дипломатскиот спектакл.
Меѓу поканетите биле Илон Маск, Тим Кук, Џеф Безос, Сем Алтман, Сундар Пичаи и Џенсен Хуанг – луѓе чии компании биле директно вклучени во технолошката и економската конкуренција меѓу САД и Кина.
🇺🇸🇨🇳 A view from inside the East Room as Trump hosted Xi for dinner tonight
Some of the most consequential conversations of the century are happening over sea bass and honey ice cream😂
Writer: Daniel, Lucaspic.twitter.com/4E9Z52rj7a https://t.co/01ZPOHzpG3
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 25, 2026
Вечерата имала и сосема поинаков вкус од една славна средба на Трамп и Си во 2017 година. Тогаш, во Мар-а-Лаго, Трамп го информирал кинескиот лидер за американскиот ракетен напад врз Сирија додека двајцата биле на десерт.
Трамп подоцна раскажал дека пред нив во тој момент стоело „најубавото парче чоколаден колач“ што може да се замисли. Зад десертот, сепак, се одвивала многу посериозна сцена – американскиот претседател му соопштил на Си дека САД лансирале 59 ракети кон Сирија.
Колач, војна и желба за мир
Разликата меѓу двете вечери била впечатлива. Во 2017 година во приказната за колачот се вмешала војната, а овојпат Белата куќа посегнала по симболи од времето кога Вашингтон и Пекинг почнале да го кршат дипломатскиот мраз.
И самиот Трамп на вечерата се навратил на подолгата историја на американско-кинеските односи, додека Си потсетил на соработката меѓу Кинезите и Американците за време на Втората светска војна.
Овојпат наместо чоколадниот колач во центарот на вниманието се нашле вино старо колку модерната дипломатска приказна меѓу двете земји, сусамот и бок чојот, црвената декорација и медот од Белата куќа.