🎥 СУЗАН САРАНДОН ПРИВЕДЕНА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ Полицијата уапси околу 100 демонстранти во близина на ОН

Сарандон беше меѓу демонстрантите кои го блокираа сообраќајот на Првата авенија, во близина на 39-тата улица, додека Нетанјаху се подготвуваше да се обрати пред светските лидери. Полицијата почна да ги приведува оние кои одбиле да го напуштат коловозот.

80

Холивудската актерка и оскаровка Сузан Сарандон беше приведена денеска во Њујорк за време на протестот против обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Сарандон беше меѓу демонстрантите кои го блокираа сообраќајот на Првата авенија, во близина на 39-тата улица, додека Нетанјаху се подготвуваше да се обрати пред светските лидери. Полицијата почна да ги приведува оние кои одбиле да го напуштат коловозот.






Протестот го организираше „Jewish Voice for Peace“, а според извештаите, на него учествувале околу 250 луѓе. Организаторите протестираа против израелската воена операција во Газа, американската воена поддршка за Израел и против Нетанјаху.

Покрај Сарандон, меѓу приведените биле и актерката Хана Ајнбиндер од серијата „Hacks“, комичарот Кејлеб Хирон, членот на Градскиот совет на Њујорк Чи Осе и кандидатката за Конгресот Даријализа Авила Шевалие. Меѓу приведените биле и други активисти и њујоршки политичари.

Снимките од местото покажуваат дека Сарандон и Ајнбиндер биле ставени во лисици и одведени од полицајци. Засега нема официјална информација дали Сарандон е ослободена, дали против неа е поднесена пријава или дали ќе следуваат обвиненија.

Во меѓувреме, се појавија и спротивставени информации за актерката Синтија Никсон. Таа присуствувала на протестот, но не била приведена, што подоцна го потврдиле и нејзините претставници.

Истовремено со протестот пред седиштето на ОН, десетици делегации ја напуштија салата кога Нетанјаху се појави на говорницата, по што израелскиот премиер го одржа говорот пред значително испразнета сала.

Холивудската актерка и добитничка на Оскар, Сузан Сарандон (79) ја користи секоја јавна прилика, како неодамнешниот филммски фестивал во Венеција, за да зборува за израелско-палестинскиот конликт. Поради тоа, како шо изјави неодамна, во филммската индустрија е подложна на бојкот, односно не добива нови улоги.

Поврзани содржини