АЛЕН РУСТЕМОВСКИ ОБЕЗБЕДИ ПОЛУФИНАЛЕ И МЕДАЛ ВО СОФИЈА Успех на македонскиот боксер на Европското првенство

Во четвртфиналната борба Рустемовски го победи Артур Базејан од Ерменија со 4:1 на поени.

55

Македонскиот боксер Ален Рустемовски постигна најголем резултатски успех во својата кариера со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во бокс што се одржува во Софија. Тој во четвртфиналната борба го победи Артур Базејан од Ерменија со 4:1 на поени.

На тој начин со пласманот во полуфиналето обезбеди медал за себе и македонскиот бокс.






Рустемовски настапува во категоријата до 60 килограми и утре во полуфиналето ќе боксува против Аидер Абдураимов од Украина. Полуфиналните борби се на програмата во четврток.

Рустемовски беше освојувач на бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.

Доколку победи во мечот со Абдурманов, Рустемовски влегува во финале, а во спротивно го добива бронзениот ммедал, заедно со поразениот од другата полуфинална двојка.

Другите двајца полуфиналисти сè уште не се познати – нивните четвртфинални борби се на програмата денеска. Во полуфинале ќе оди победникот од дуелот Радослав Росенов (Бугарија) – Всеволод Шумков (Русија) и победникот од мечот Марин Еварт (Франција) – Џуд Галагер (Ирска).

Поврзани содржини