📽️ ТРАМП ГО ПРЕКИНА ГОВОРОТ ВО ЊУЈОРК И ЈА ПОБАРА МЕЛАНИЈА Претседателот ѝ се заблагодари на првата дама пред целиот свет
Доналд Трамп во еден момент го прекина обраќањето пред Генералното собрание на ОН, ја побара Меланија со поглед и јавно ѝ се заблагодари за нејзиниот ангажман.
Американскиот претседател Доналд Трамп накратко го прекина својот говор на Генералното собрание на ОН, за јавно да ѝ се заблагодари на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзината работа.
Во еден момент од обраќањето, Трамп погледна низ салата и праша:
– Каде е нашата прва дама? Каде е? Таа е некаде овде – рече претседателот.
Откако ја побара со поглед, Трамп ѝ се заблагодари на Меланија и ја пофали за нејзината работа, по што присутните ја поздравија со аплауз.
– Ви благодарам многу, прва дамо. Одлична работа. Таа работеше толку напорно – рече Трамп.
На снимката од моментот, Меланија Трамп може да се види како се насмевнува и мавта кон присутните.
🇺🇸 Trump briefly lost track of Melania 😂
“𝘞𝘩𝘦𝘳𝘦 𝘪𝘴 𝘰𝘶𝘳 𝘍𝘪𝘳𝘴𝘵 𝘓𝘢𝘥𝘺? 𝘚𝘩𝘦’𝘴 𝘢𝘳𝘰𝘶𝘯𝘥 𝘩𝘦𝘳𝘦 𝘴𝘰𝘮𝘦𝘱𝘭𝘢𝘤𝘦.”
Melania: 👋
Nothing like looking for your wife in front of the entire United Nations.
Writer: Lynnpic.twitter.com/R7Tf6vWQP2
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 22, 2026
Трамп во својот говор ја пофали и нејзината улога во меѓународната дипломатија, посочувајќи го нејзиниот ангажман во Обединетите нации.
Тој особено се осврна на нејзиното учество на состанокот на Советот за безбедност на ОН во март годинава, кога Меланија Трамп претседаваше со седницата додека САД беа претседавач со Советот за безбедност. Тоа беше првпат сопруга на актуелен американски претседател да претседава со состанок на Советот за безбедност на ОН.
– Оваа година таа исто така стана единствената прва дама во историјата која претседавала со состанок на Советот за безбедност на ОН, и тоа го направи многу добро – рече Трамп.
Трамп потоа додаде дека Меланија била ангажирана и во враќањето на раселените украински и руски деца кај нивните семејства.