КИНЕСКИОТ BYD ПОВЛЕКУВА ПОВЕЌЕ ОД 183.000 АВТОМОБИЛИ Откриен дефект кој носи ризик и за другите учесници во сообраќајот

Производителот нагласува дека проблемот не е поврзан со погонската батерија на возилото.

68

Кинескиот производител на електрични возила BYD започна постапка за повлекување на 183.211 возила од сериите „Qin“ и „Tang“, откако беше идентификуван дефект на компонента од педалата за сопирање кај возилата произведени во периодот од 2014 до 2022 година.

Проблемот се однесува на граничникот (стоперот) на педалата за сопирање, кој може да пукне и да предизвика тнр. штоп-светла да останат вклучени дури и кога кочницата не се притиска.






Според кинескиот регулатор, возило што се движи на овој начин може да испрати погрешен сигнал до возачите зад него, бидејќи тие би можеле да претпостават дека возилото пред нив забавува или кочи; поради овој потенцијален безбедносен ризик е иницирано повлекувањето.

Производителот нагласува дека проблемот не е поврзан со погонската батерија на возилото.

Сопствениците на засегнатите возила нема да мораат да купуваат нов дел. Од BYD изјавија дека проблематичната компонента ќе ја заменат со подобрен дел бесплатно, преку овластени дилери, со што ќе се елиминира безбедносниот ризик.

Поврзани содржини