СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ВО БЛОКАДА ПОВИКАА ДА НЕ СЕ ШИРИ ПАНИКА ПОРАДИ СТЕЧАЈОТ НА АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД Ги повикаа институциите со правилни потези да ја задржат довербата кај граѓаните

„Граѓаните ги повикуваме да останат смирени, но исто така и сите аналитичари, стручњаци и оние коишто се претставуваат како такви, да не шират непроверени и неточни информации со цел предизвикување паника“, се вели во синоќешната објава на „Студентите во блокада“ на мрежата X.

0

Српските „Студенти во блокада“ на платформата X најавија дека „ќе ги преземат сите потребни мерки за да го зачуваат банкарскиот систем и ја повикаа Народната банка на Србија и сите други институции активно да учествуваат во тој процес“. Повикот уследи по бројните шпекулации поврзани со Алта банка во Србија, на која Народната банка на Србија на 31 октомври ѝ ја одзеде дозволата за работа, а на трети ноември отвори стечајна постапка за банката.

„Граѓаните ги повикуваме да останат смирени, но исто така и сите аналитичари, стручњаци и оние коишто се претставуваат како такви, да не шират непроверени и неточни информации со цел предизвикување паника“, се вели во синоќешната објава на „Студентите во блокада“ на мрежата X.






Овој драматичен повик доаѓа во период на длабока политичка транзиција во Србија, но и во ек на сериозен финансиски скандал поврзан со колапсот на „Алта банка“, чии рефлексии веќе се чувствуваат низ целиот регион, вклучително и во Македонија.

За разлика од Србија, повикот од Народната банка на Македонија дека „секое хушкање во јавноста е штетно по довербата во банкарскиот систем и директно ги погодува штедачите, чии интереси се во центарот на мерките што ги презела Народната банка, досега не покажа резултат.

– Случајот со Алта банка е случај во соседна Србија, кај нас тој случај е увезен. Претпоставувам ја следите сега хистеријата којашто ја создаваат од опозицијата со цел не да помогнат – тие најмалку се грижат за штедачите и доверителите на Алта банка Битола. Тие мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и ќе се факторизираат на политичката сцена – рече вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Тој оцени дека е редно и Јавното обвинителство да се позанимава согласно Кривичниот законик со кривичното дело саботажа кое го правела опозицијата, со тоа што свесно го уривала Уставот и државниот поредок ширејќи невистини, немир, креирајќи лаги, и на тој начин ги доведувала граѓаните во чувство на несигурност, исплашеност.

Во 2025 година трговијата помеѓу Македонија и Србија изнесувала околу една милијарда и двесте милиони евра. Мицкоски откри дека на повидок се проблеми во трговијата поради блокада на парите на српски компании во српската Алта банка.

– Неколку македонски компании ми се јавија кои велат: „Мојот партнер е пред банкрот, или е банкротиран во Србија, бидејќи му се блокирани средствата во Алта банка. Што да правиме? Ве молиме како Влада, помагајте’. Тоа ќе биде многу поголем проблем, бидејќи бизниси се затвораат, компании банкротираат, луѓе ќе остануваат без своите работни места – не само во Србија, туку и кај нас. Тоа повеќе ме загрижува – наведе Мицкоски.

Во однос на наводи во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку Алта банка АД Битола, Народната банка на Македонија информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани.

„Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во незначителни износи, особено имајќи го предвид обемот на платниот промет и редовното работење на Алта банка АД Битола. Во 2025 година и заклучно со октомври 2026 година, приливите од Србија изнесуваат 2,2 милиона евра и 6,2 милиона евра, соодветно, додека одливите изнесуваат 5,3 милиони евра и 7,2 милиона евра. Овие трансакции се поврзани со редовното работење на клиентите на Банката. Во истиот период, приливите од и одливите кон Русија не се евидентирани во платниот промет и билансот на Банката“, наведе Народната банка на Македонија.

Поврзани содржини