📽️ КОЈ ПООТКАЧЕНО ГО ПРОСЛАВИ ГОЛОТ НА ВИЛА? Емери ги шутираше топките, Џексон „полуде“ крај теренот
Астон Вила ја победи Тотенхем со 3-2 и ја запиша првата победа сезонава во Премиер лигата. Но, покрај петте гола, внимание привлекоа и необичните прослави на Унаи Емери и Николас Џексон.
Прво Џексон ја затресе мрежата, а потоа почна шоуто крај теренот. Напаѓачот го постигна вториот гол за Вила, а неговата прослава брзо стана една од сцените за кои се зборуваше по натпреварот.
Ниту Емери не остана мирен. Тренерот на Вила во еуфоријата по голот се нафрли на топките покрај аут-линијата и почна да ги шутира, сцена што привлече внимание и на социјалните мрежи.
Unai Emery with a unique celebration for Nicolas Jackson’s goal 😅@AstonVilla 🦁 pic.twitter.com/oMYbF4lLZm
— Premier League (@premierleague) September 19, 2026
Вила поведе преку Јохан Манзамби, а Џексон во второто полувреме зголеми на 2-0. Емилијано Буендија го постигна третиот гол, пред Тотенхем со два доцни погодоци да го ублажи поразот.
За Вила тоа беше прва победа во Премиер лигата сезонава. Џексон го постигна својот прв првенствен гол за клубот, а Емери по натпреварот оцени дека напаѓачот направил јасен исчекор во однос на претходните настапи.