„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале 23-годишен Унгарец и му пронашле марихуана
Мобилниот тим за борба против трговијата со дрога бил на терен во близина на автокампот „Треска“. По контролата на младиот унгарски државјанин биле известени обвинител и судија во Струга.
Новиот полициски мобилен тим „Task Force“ веќе се појавува на терен и крај Струга. Во Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ вчера вечер го контролирал 23-годишниот унгарски државјанин П.А.Л. во Радожда.
Контролата била извршена во 20.45 часот во близина на автокампот „Треска“., а му нашле марихуана.
„Task Force“ е новата специјализирана полициска формација насочена кон поинтензивна борба против недозволената трговија со дрога, а во западниот регион мобилниот тим веќе врши теренски контроли.
„За настанот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и судија на претходна постапка од Основниот суд Струга.“
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ најави дека против 23-годишниот Унгарец ќе поднесе соодветна пријава.