📽️ ВУЧИЌ ТРГНА САМ НИЗ СРБИЈА, А НА РАДИОТО ЕЧЕШЕ ТОМА Стигна и до рибарска дозвола

Претседателот на Србија сам седна зад воланот и тргна во обиколка низ земјата, како што претходно најави. Патувањето го почна со Тома Здравковиќ на радио, а попатно застана и кај рибарите на Шалиначкото Езеро.

187

Александар Вучиќ реши самиот да биде и возач и „народен трибун“ — а за музичкиот дел од патувањето се погрижи радиото.

Претседателот на Србија објави снимка зад воланот на пат кон Велика Плана, додека во автомобилот се слушаше Тома Здравковиќ.






– Денес, за првпат, сум „сам свој мајстор“, во улога на шофер и народен трибун истовремено. Утро е, а на радио баш нашле да пуштат Тома Здравковиќ – порача Вучиќ.

Патот не остана само на возење и музика. Вучиќ застана и на Шалиначкото Езеро, каде што се дружеше и појадуваше со рибари, а објави и дека извадил дозвола за риболов, иако призна дека никогаш не знаел да лови риба.

Самостојното возење е дел од претходната најава дека во изборната кампања ќе патува со сопствен автомобил. Вучиќ најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од претседателската функција и потоа ќе ја продолжи кампањата како „обичен граѓанин“.

 

 

Поврзани содржини