ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат, потоа доаѓа постуден воздух

Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.

94

Времето в сабота, 19 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 32 степени.






Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.

Поврзани содржини