ФИЛИПЧЕ НЕ НИ ТРЕПНА КОГА СО ЗАЕВ ГО ПРОДАДОА ИМЕТО Сега му пречи секој успех на Македонија
На Филипче му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче денеска најде да зборува за распродавање, а не трепна кога со Зоран Заев ги распродаваше името, јазикот и Уставот на државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ.
„Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него тој веднаш би потпишал нов бланко лист. Селективната принципиелност на Филипче е смешна, му пречат дата центри, не му пречат провизии од вакцини. Неговиот мандат како министер за здраввство јасно покажа дека му одговара само некој тендер, провизија од вакцина, па дури сакаше и да одземе болница со уцени за судски спорови“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно ни е, се додава, дека на Филипче му пречи секој успех на Македонија.
„Му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче да се преиспита што точно му одговара, додава партијата.
„Досега знаеме дека не му пречат висококатниците во Дубаи, златни визи, јахтите во Грчка, знаеме дека е фан на Џиновиќ и на Заев, ама не знаеме зошто му пречат сите неуморни напори на Владата да ја води државата напред и да го подобри животот на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче денеска рече дека власта договара дата центри под радарот заради нивни лични бизнис интереси и дека дата центрите ќе трошат огромни количества вода и електрична енергија, а нема да создадат речиси никакви работни места.