🎥 ВОЗИЛО ПОЛНО СО ЕКСПЛОЗИВ ВЛЕТА ВО ЏАМИЈА ВО ПАКИСТАН Загинаа најмалку 16 луѓе, од кои 5 полицајци

Полицијата соопшти дека најмалку двајца вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во комплексот и размениле оган со полицајците. Еден напаѓач со експлозивен елек бил убиен.

66

Најмалку 16 луѓе, од кои 5 полицајци, се убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан, откако возило полно со експлозив влетало во верскиот објект за време на петочната молитва. Над 30 лица се повредени.

Информацијата за нападот во во комплексот Кохат Полис Лајнс, каде се наоѓа и џамијата, ја потврди висок полициски службеник од Пешавар.






Нападот се случил во округот Кохат во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што вооружените судири меѓу напаѓачите и безбедносните сили сè уште траат. Еден од полицајците изјави дека еден напаѓач е убиен и дека е во тек операција за спасување.

Во официјално соопштение, пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари им упати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“.

Полицијата соопшти дека најмалку двајца вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во комплексот и размениле оган со полицајците. Еден напаѓач со експлозивен елек бил убиен.

Никој досега официјално не ја презел одговорноста за нападот.

Во регионот се активни Техрик-е Талибан Пакистан (ТТП), познати како пакистански Талибани, како и огранок поврзан со Исламската држава.

Вчера, 17 септември, бомба покрај пат погоди конвој на пакистанските безбедносни сили во Хангу, исто така во Хајбер Пахтунхва. Загинаа 6  војници. Пакистанската војска потоа соопшти дека во операции во Северен Вазиристан и Хангу убила 10 милитанти.

 

Поврзани содржини