ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН Ова обвинителство ги чинеше граѓаните милионски суми

Ружица Николовска, член на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија Анализа на 24 ТВ, се осврна на работата на поранешното СЈО, односно постапувањето за предмети од висока корупција.

623

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам од еден друг аспект, бидејќи јас исто така водев еден предмет кај што беше гонета одредена особа за исто такви некои додатоци, надоместоци и тоа од обвинител исто постапува од СЈО којшто притоа од она што беше пласирано во медиуми. Јас не знам, не тврдам дека биле земани бонуси односно додатоци за тајност. За мене како адвокат, читајќи го и Законот за јавно обвинителство и Законот за специјалното јавно обвинителство, па сметам дека една од основните работи во постапувањето на секој јавен обвинител е точно да ги чувате, податоците до коишто дошол во своето работење и да не ги изнесува”, изјави Ружица Николовска, член на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија Анализа на 24 ТВ.

Николовска се осврна на работата на поранешното СЈО, односно постапувањето за предмети од висока корупција, потенцирајќин дека „според конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност на плати и надоместоци за и други надоместоци во СЈО каде што токму за овој додаток се утврди дека во тој период, од 2016 јануари до септември 2019 година точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не се во согласност со релевантната законска регулатива.“






Николовска нагласи дека според ревизорскиот извештај за усогласеност на плати и надоместоци и други надоместоци во СЈО, како што кажа, во период 2016-2019 година, точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не биле во согласност со релевантната законска регулатива. Таа додаде СJO ги чинело граѓаните и оваа држава милионски суми, без конкретни испорачани резултати.

– Овдека, од она што се читаше, од она што беше достапно во јавноста се зборуваше за навистина огромни суми. СJO ги чинеше граѓаните и оваа држава милионски суми за нешто што не се испорача, значи нула резултат – рече Николовска.

Поврзани содржини