„ОСТАВИ ГО АКО САКАШ УСПЕШНА КАРИЕРА“ Нa Сидни Свини наводно ѝ советувале да го остави Скутер Браун

Извор тврди дека моќен холивудски агент сметал дека врската може да ѝ пречи на актерката, но негов претставник го негира тоа

78

Сидни Свини наводно добила необичен совет од еден од најмоќните луѓе во Холивуд – да го остави своето момче Скутер Браун доколку сака посериозно да ја гради својата кариера како актерка и бизнисменка.

Според извори на Page Six, советот дошол од Ари Емануел, извршен претседател на WME Group, по разговорот со 29-годишната актерка во јануари.






– Ари ѝ зборувал дека, ако сака сериозно да ја сфаќаат како актерка и бизнисменка, треба да раскине со Скутер – тврди извор за Page Six.

Според истите тврдења, Браун дознал за коментарите и бил многу вознемирен, особено затоа што токму тој ја убедил Сидни да го одржи состанокот. Сепак, приказната има и друга страна: претставник на Емануел категорично негирал дека таков состанок воопшто се случил и дека тој ѝ кажал на актерката да го остави Браун.

Во меѓувреме, Браун навистина има сè поголема улога во професионалниот живот на Сидни. Откако актерката ја напушти Paradigm Talent Agency и остана без агенција, тој наводно ѝ помогнал да стапи во контакт со Кевин Хувејн од CAA. Сидни на почетокот на септември потпиша со CAA, иако други агенции исто така се обидувале да ја придобијат.

Сидни и Скутер се во врска од минатиот јуни, а тој во последните месеци често се појавува покрај неа на јавни настани. Според извор цитиран од Page Six, Браун дури размислува за брак со актерката и смета дека таа е „модерна Мерилин Монро“.

Пред Браун, Сидни беше свршена со Џонатан Давино, со кого беше во шестгодишна врска. Тие ја откажаа венчавката во март 2025 година.

Поврзани содржини