ТРИ НОВИ ИНВСТИЦИИ ВО ЕДНА НЕДЕЛА Николоски оцени дека тоа се инвестиции во иднината на земјата

Според министерот за транспорт и врски, тоа што градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред.

0

Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот Фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

– Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти: нова когенеративна централа, изградба на најголемиот ветерен парк и реконструиран аеродром Св. Апостол Павле. И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија- вели Николоски.






Според него, тоа што градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред.

– Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации – вели Николоски.

Поврзани содржини