ГАШИ Е УБЕДЕН ДЕКА ЌЕ НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Повика да продолжат разговорите за Изборниот законик

На прашањето на што се должи негово убедување дека нема да има предвремени избори, претседателот на Собранието рече дека тоа е резултат на неговата политичка интуиција.

55

Убеден сум дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, на редовниот понеделнички брифинг со новинарите.

На прашањето на што се должи ова негово убедување имајќи ги предвид изјавите што деновиве се пласираат во јавноста, Гаши рече дека тоа е резултат на неговата политичка интуиција.






Информирајќи за денешната редовна координација со првите луѓе на пратеничките групи во Собранието, Гаши рече дека претставникот на Левица го отворил прашањето за Изборниот законик поради изнесените ставови во врска со предвремените избори. Претседателот на Собранието рече дека е добро да се разговара и дека на средбата нагласил дека доколку има подготвеност, работната група во Собранието и координаторите треба да ги продолжат разговорите за Изборниот законик.

Во врска со законот за правичната застапеност, кој е заглавен во Собранието поради блокада на бадентерот и ДУИ, Гаши рече дека има комуникација со лидерите, но негира дека меѓу нив е и Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

Претседателот на Собранието најави дека набргу ќе биде свикана седница на Комисијата за надворешна политика, на која новите амбасадори ќе ги презентираат своите приоритети.

На координативната средба било побарано на седница на Влада да се разгледа прашањето за неприсуството на одредени министри на седниците за поставување опозициски и пратенички прашања. Исто така, било побарано да се премести датумот на седницата за поставување пратенички прашања поради најава дека премиерот Христијан Мицкоски на 24 септември ќе биде во Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Поврзани содржини