🎥 СИДНИ СВИНИ СЕ РАЗГОЛИ ЗА 29. РОДЕНДЕН Палка, рекет и топки покриваат сè што треба

Фотосесијата е продолжение на рекламниот спот за Novig, во кој Свини на сличен начин ги претставува американскиот фудбал, кошарката, хокејот, тенисот, фудбалот и безболот.

338

Американската актерка Сидни Свини го прослави својот 29. роденден со нова провокативна фотосесија во која позира целосно гола, а интимните делови ги прикрива со спортски реквизити. Фотографиите се дел од кампањата „Just Sports“ на платформата за спортски предвидувања Novig, објавена непосредно пред нејзиниот роденден на 12 септември.

На фотографиите ѕвездата на „Еуфорија“ позира со безбол палка, хокеарски стап, тениски рекет и топки поставени така што ги покриваат најинтимните делови од телото. Во еден од највпечатливите кадри Свини е на кошаркарски обрач, додека во други сцени спортската опрема е единствената „облека“ што ја носи.






Фотосесијата е продолжение на рекламниот спот за Novig, во кој Свини на сличен начин ги претставува американскиот фудбал, кошарката, хокејот, тенисот, фудбалот и безболот. Кампањата намерно си поигрува со слоганот „Just Sports“ – само спорт – а Свини не е само рекламно лице на компанијата, туку и нејзин стратешки партнер и акционер.

Свини, родена на 12 септември 1997 година, со новата кампања уште еднаш покажа дека провокацијата ја користи како дел од својот маркетиншки имиџ. Актерката и претходно предизвикуваше огромно внимание со рекламни кампањи, меѓу кои оние за American Eagle и Dr. Squatch, а овојпат спортските реквизити се покажаа како доволни за фотографиите да станат една од најзабележаните промоции околу нејзиниот 29. роденден.

Поврзани содржини