КАКО ВО ХОРОР ФИЛМОВИТЕ Полицаец кај Блаце е влечен со возило од криумчари на стока

Полицаецот е повреден, а насилниците не се знае каде заминале.

672

Полицаец синоќа бил нападнат и потоа влечен со возило и пуштен, при што се здобил со повреди. инцидентот се случил на близина на граничниот премин Блаце, откако полициска екипа на Регионалниот  центар за гранични работи – Север се обидела да запре камион со криумчарена стока кој се движел од граничниот премин кон Скопје.

Според информациите од МВР, вчера околу 17 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, кај местото викано „Вражји вир“, полициски службеници забележале товарно возило „фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки. Возилото било натоварено со разновидна криумчарена стока, а возачот не застанал на дадениот знак и продолжил да се движи.






По кратко време полицијата успеала да го запре возилото. При обидот возачот да биде приведен, на местото пристигнало друго возило од кое излегло лице кое физички нападнало еден од полицајците.

Во текот на инцидентот, едно од лицата го фатило полицаецот за раката, по што тој бил влечен со возилото управувано од другото лице. Потоа бил пуштен, паднал на земја и се здобил со повреди.

Поврзани содржини