КАНАДА БАРА ПОСИЛНИ ЕКОНОМСКИ И ПОЛИТИЧКИ ВРСКИ СО ЕУ Ќе пропадне ли идејата на Трамп за „51-та федерална држава“?
Карни му наложи на својот специјален претставник за Европа да ги испита најамбициозните модели на соработка што нема да вклучуваат полноправно членство на Канада во Европската Унија или нејзиниот единствен пазар.
Откако Канада и САД влегоа во најтешкиот меѓусебен трговски конфликт во модерната историја, канадскиот премиер Марк Карни има план за посилни економски и политички врски со Европската Унија, пишува „Волстрит џурнал“.
Во последните месеци, Карни разговараше приватно со речиси секој голем европски лидер – од Франција, Италија и Германија до скандинавските земји – за тоа како да ја поврзе Канада и нејзините 41 милион луѓе поблиску со ЕУ.
Трговската војна со САД го забрза вртењето на Канада кон Европа, според луѓе запознаени со разговорите.
Во европските политички кругови, Канада веќе почна да се нарекува „најновата членка на ЕУ“, делумно на шега.
Карни му наложи на својот специјален претставник за Европа да ги испита најамбициозните модели на соработка што нема да вклучуваат полноправно членство на Канада во Европската Унија или нејзиниот единствен пазар.
Деталите сè уште се разработуваат во технички работни групи, но Карни им кажа на колегите дека целта е да се преориентира економијата и општеството на Канада, кое е силно поврзано со САД во изминатиот половина век.
Таквиот пресврт претставува обид на Канада да ја намали својата економска зависност од својот јужен сосед и да префрли дел од своите трговски, инвестициски и политички врски кон Европа. Дополнителен импулс даде американската реторика за Канада како можна „51-та федерална држава“, што Отава го сметаше за уште една причина за барање посилни партнерства надвор од САД.