КАЗНИТЕ ГИ СТИГНАА И ОНИЕ ШТО ПАЛЕА СВЕЌИ ЗА ТЈЕНАНМЕН Познатите протести од 1989 година добиваат нов епилог

Ли Чеук-јан и Чоу Ханг-тунг со години ги организирале комеморациите за жртвите од задушувањето на протестите во Пекинг во 1989 година. Судот сега ги прогласил за виновни за поттикнување субверзија.

168

Двајца организатори на собирите во Хонг Конг, на кои со свеќи им се оддавала почит на жртвите од Тјенанмен, се прогласени за виновни за поттикнување субверзија. Ли Чеук-јан и Чоу Ханг-тунг сега се соочуваат со казни до 10 години затвор, пишува „Гардијан“.

Протестите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година беа едни од најголемите продемократски протести во современата историја на Кина. Кинеските власти ги задушија немирите со војска и со тенкови, а точниот број жртви до денес не е утврден.






Ли Чеук-јан (69) и Чоу Ханг-тунг (41), кои ги организирале комеморациите со палење свеќи за жртвите, билде лидери на распуштената Хонгконшка алијанса.

Нивните казни произлегуваат од законот за национална безбедност, воведен од Пекинг во 2020 година.

Бдеењата згаснаа, судската битка остана

Судењето траело 24 дена. Третиот обвинет, поранешниот пратеник Алберт Хо (74), се изјаснил за виновен уште во јануари.

Според резимето на судската одлука, Ли и Чоу, со организирање на бдеењата со свеќи, поттикнувале други луѓе да преземат дејствија за поткопување на државната власт.

Во средиштето на случајот се нашол и долгогодишниот слоган на Алијансата за „крај на еднопартиското владеење“.

Судот оценил дека обвинетите сакале да ја поткопаат довербата во Кинеската комунистичка партија. Одбраната, пак, тврдела дека станувало збор за остварување на слободата на говор.

 

Срце од обвинителната клупа

Ли и Чоу им мавтале на своите поддржувачи од обвинителната клупа. Ли со рацете направил и знак во форма на срце пред да биде изведен од судницата.

Чоу, која самата се застапувала пред судот, претходно тврдела дека на судење практично се нашол и самиот закон.

Амнести интернешнл оценила дека случајот се потпира врз нејасни и премногу широки дефиниции за „субверзија“.

Тјенанмен стана забрането сеќавање

Хонг Конг и Макао некогаш биле единствените места на кинеска територија каде јавно се одбележувал 4 јуни.

Тогаш, во 1989 година, кинеските власти испратиле војници и тенкови против продемократските демонстранти во Пекинг.

Јавните комеморации во Хонг Конг практично исчезнале откако Пекинг го вовел законот за национална безбедност во 2020 година.

Поврзани содржини