КОЈ БИ Ѝ ДАЛ 70? Ким Картал слави роденден, а Саманта Џонс останува нејзиниот најпознат лик

Актерката која е најпозната по ликот на Саманта Џонс во „Сексот и градот“ наполни 70 години, а минатата година се омажи за својот долгогодишен партнер Расел Томас. Таа неодамна се прости и од Хејден Панетиер со која во филмот „Ice Princess“ од 2005 година глумеа мајка и ќерка

19

Ким Картал денес (21 август) го слави својот 70. роденден. Актерката која на цели генерации им остана позната како незаборавната Саманта Џонс од „Sex and the City“ и понатаму е активна во филмскиот и телевизискиот свет, а последниве месеци во нејзиниот живот се случија и значајни промени.

Картал е родена на 21 август 1956 година во Ливерпул, Англија, а како дете со семејството се преселила во Канада. Најголемата светска слава ја стекна со улогата на Саманта Џонс во серијата „Sex and the City“, која се емитуваше од 1998 до 2004 година. За улогата доби и Златен глобус, а беше номинирана за четири награди „Еми“.






Саманта, самоуверената, духовита и директна ПР-агентка која не се плашеше да зборува за љубовта, сексот и стареењето, стана еден од најпрепознатливите женски ликови на телевизијата. Картал ја повтори улогата и во двата филма „Sex and the City“, а во 2023 година се појави и во серијата „And Just Like That…“.

Но, денес Картал има и една особено емотивна причина поради која повторно се најде во центарот на вниманието. Само неколку дена пред својот 70. роденден, таа се прости од Хејден Панетиер, со која во филмот „Ice Princess“ од 2005 година глумеа мајка и ќерка.

По веста за смртта на Панетиер на 16 август, Картал на социјалните мрежи објави заедничка фотографија од филмот и напиша: Почивај во мир, мила Хејден. Замина премногу рано. Таа додаде дека била среќна што ја запознала и работела со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

За Картал, последниот период донесе и голема промена во приватниот живот. По речиси една деценија врска со Расел Томас, тие на 4 декември 2025 година се венчаа на мала интимна церемонија во Лондон, со само 12 гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Двојката се запознала во 2016 година, кога Картал гостувала во емисија на BBC Radio 4, каде што работел Томас. Нивната врска со години беше далеку од очите на јавноста.

Првото појавување на Картал и Томас како брачен пар било во февруари годинава на Лондонската модна недела. Седеа еден до друг на ревијата на Конер Ајвс и позираа држејќи се за раце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

Картал зад себе има четири брака, а со Томас во брак влезе по години стабилна врска. Иако нејзиниот приватен живот често бил предмет на интерес, актерката во последните години вниманието повеќе го насочува кон работата и улогите отколку кон приватните детали.

Нејзината кариера започна уште во 1970-тите, а покрај „Sex and the City“, играше и во филмови како „Mannequin“, „Big Trouble in Little China“ и „Star Trek VI: The Undiscovered Country“.

Нејзината кариера трае повеќе од пет децении, а неодамнешниот брак покажува дека и во седмата деценија од животот не се откажува од нови почетоци.

Поврзани содржини