📷 ЗАТЕМНУВАЊЕТО ВО ЕВРОПА НИЗ ФОТКИ Беше најголемо помрачување од 1999 година
Европската прес и фото агенција, ЕПА, објави импресивни фотографии од затемнувањето направени во различни европски држави.
Милиони луѓе ширум Европа вечерва го посведочија на еден од највпечатливите небесни спектакли во последните децении.
Затемнувањето на Сонцето привлече огромно внимание, а погледите беа свртени кон небото од Исланд и Шпанија до земјите во кои феноменот беше видлив само делумно.
Европската прес и фото агенција, ЕПА, објави импресивни фотографии од затемнувањето направени во различни европски држави.
На една од фотките од регионот Леон во Шпанија затемнувањето е фатено зад роговите на бик.

Во Санкт Петербург се чини како да имало „обратен срп“ на затемнување.

Импресивно црвено „одгризано“ сонце беше фатено зад електрични ветерници од фотограф во Монтесињо во Португалија.

Истиот фотограф убаво го овековечил и моментот на еклипсата.

Сонцето се помрачи и зад базиликата Свети Никола во центарот на Амстердам.

Сончевиот „срп“ осамна и зад силуетите на замок во Прага. А во фотката на Мартин Дивишек може да се види и авион кој во тоа време бил на небото.

Фотографот Сарменто Коста во Монтесињо во Португалија успеал и да ги спои во една фотка сите „мени“ на замрачениот „срп“ на Сонцето, помрачено од самата Месечина.
