ДОАЃА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Пороен дожд и температури до 36 степени пред топлиот викенд

Во четврок и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.

124

Времето в четврток, 13 август, ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

Температурата ќе опадне за неколку степени и ќе биде во интервал од 13 до 36 степени.






Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува.

Во четврок и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.

Поврзани содржини