ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ШИРЕЊЕТО ПАНИКА ЗА СКОПСКАТА ВОДА Се утврдува кој ја кренал тревогата за ешерихија коли

Како што сум информиран МВР има повикано повеќе лица на информативен разговор и според мене мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате информации и да ширите паника, изјави во ТВ гостување министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

661

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли.

На социјалните мрежи утрово молскавично се проширија информации дека скопската вода е загадена, поради што мораа да реагираат и властите, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма на прес-конференција.






Муцунски вечерва во гостување на „Сител“ рече дека мора да има одговорност за раширената паника.

– Како што сум информиран МВР има повикано повеќе лица на информативен разговор и според мене мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате информации и да ширите паника – рече Муцунски, кој, исто како и Ѓорѓиевски пред него, директно го обвини опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за ширење на лажните информации.

Поврзани содржини