📽️ (ВО ЖИВО) СЛЕДЕТЕ ГО ПОМРАЧУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО НАД ТВРДИНА ВО ШПАНИЈА Скопското астрономско друштво објави снимка

Помрачувањето на Сонцето почна над Исланд, со што стартуваше долгоочекуваниот небесен спектакл над Европа.

583

Скопското астрономско друштво објави линк во живо за следење на помрачувањето на Сонцето над познатата тврдинаш Гормаз во регионот Кастиља и Леон во Шпанија. Друштвото претходно најави дека ќе отпатува за Шпанија за да го проследи овој небески феномен.






Шпанија, уште пред затемнувањето се соочи со огромен прилив на луѓе. Милиони жители и туристи се подготвуваа за феноменот, а властите распоредија десетици илјади полицајци.

Помрачувањето на Сонцето почна над Исланд, со што стартуваше долгоочекуваниот небесен спектакл над Европа. Месечината почна да минува пред сончевиот диск, а сенката потоа продолжува преку Атлантикот кон Пиринејскиот Полуостров.

Затемнувањето ќе биде целосно само во тесен појас. Другите делови од Европа ќе го видат како делумно. Македонија ќе добие уште пократка претстава. Месечината ќе покрие само мал дел од сончевиот диск. Затоа клучен ќе биде отворениот поглед кон западниот и северозападниот хоризонт.

 

📽️ ПОЧНА ПОМРАЧУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО ВО ИСЛАНД Колапс на патиштата во Шпанија, спектаклот се приближува и до Балканот

Поврзани содржини