Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи.
– Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен – наведува ЦУК во соопштение.
Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел пожарот да се локализира и изгасне и да се заштитат жителите и нивниот имот.