ИЗМАМНИЦИ ПРАЌААТ НАВОДНИ КАЗНИ ВО ИМЕТО НА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата откри како да ја препознаете лажната СМС-порака

Лажни пораки со линкови за плаќање наводни сообраќајни прекршоци стигнуваат кај граѓаните. МВР објасни како да се познае дали СМС-пораката е вистинска.

133

Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци, апелира Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека  изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.






„Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот ‘Безбеден град’ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок“, вели МВР.

Mинистерството апелира до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.

„СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач “MVR-SC”. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат https://safecountry.mvr.gov.mk…“, соопшти МВР истакнувајќи дека Секторот за компјутерски криминал при министерството продолжува со активни истраги и мерки за откривање на сторителите на ваквите измами.

Поврзани содржини