Возило удрило во 16-годишен малолетник од Скопје, кој туркал електричен тротинет, по што возачот го напуштил местото.
Несреќата е пријавена во полиција попладнето на 10.08.2026 а се случила на улицата Адем Демачи во Скопје.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на возилото и возачот.