КОГА НЕМА ИДЕИ И РЕЗУЛТАТИ, СДСМ ПРОИЗВЕДУВА КОНФЛИКТИ Филипче зборува само за инциденти и поделби
Политиката на СДСМ излезе на виделина кога испрати осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Христијан Мицкоски беше таму, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.
Кога немаат идеи и резултати, во СДСМ произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.
– Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека така повторно ќе дојдат на власт – рече Манасиевски.
Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Христијан Мицкоски беше таму, додаде тој.
– Христијан Ефтимов и Илија Стојанов, децата на Зоран Заев, осудени насилници, без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент. Но, граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДСМ освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува – рече Манасиевски.